Американскиот режисер Александер Пејн ќе претседава со главното натпреварувачко жири на овогодинешниот Венециски филмски фестивал, објавија организаторите во понеделник.

Филмовите на Пејн, вклучувајќи ги комедиите „The Holdovers“, „Sideways“ и „The Descendants“, се номинирани за вкупно 24 Оскари, вклучувајќи четири за најдобар филм и три за најдобар режисер.

Тој двапати ја освои наградата за најдобро адаптирано сценарио.

„Голема чест и радост ми е да бидам член на жирито во Венеција. Иако ја споделувам амбивалентноста на филмските работници во врска со споредбата на филмовите, ја почитувам речиси вековната историја на Венецискиот филмски фестивал, фестивал кој гласно го слави филмот како уметничка форма“, изјави Пејн за новинарите.

Годинештното 82. издание Венециски филмски фестивал ќе се одржи на островот Лидо од 27. август до 6. септември. Имињата на филмовите во конкуренција ќе бидат објавени во јули.

Комедијата на Пејн од 2017 година „Downsizing”го отвори фестивалот истата година.

globe

Слични новости

Соопштени имињата на музичарите кои ќе влезат во Рок енд Рол куќата на славните во 2025

Соопштени имињата на музичарите кои ќе влезат во Рок енд Рол куќата на славните во 2025

Станува збор за Бед Компани, Чаби Чекер, Џо Кокер, Синди Лопер, Ауткаст, Саундгарден и Вајт Страјпс. Од номинираните кои годинава не успејаа да се најдат во Куќата на славните се Мараја Кери, Били Ајдол, Џој Дивижн/Њу Ордер, Мана, Оејзис и Фиш.

Френсис Форд Копола добитник на наградата за животно дело АФИ

Френсис Форд Копола добитник на наградата за животно дело АФИ

Шесткратниот Оскаровец Копола е 50 добитник на наградата АФИ, која означува најголема чест за филмска кариера во Америка. Копола има освоено шест Оскари вклучувајќи и за најдобра режија во 1975 за „Кум 2“, кој исто така ги освои Оскарите и за надобар филм и најдобро сценарио.