Напаѓачот на Ливерпул, Александер Исак, ја скрши ногата во дербито против Тотенхем во саботата и веќе е опериран, објавија „Црвените“.

„Исак беше успешно опериран по повредата што ја заработи во саботата. Рехабилитацијата на Исак ќе продолжи во тренинг-центарот AXA, без утврден распоред за негово враќање“ на терените, објави Ливерпул.

Клубот стравуваше дека Исак претрпел оштетување на предниот вкрстен лигамент, што би значело за него оваа сезона е завршена. Сепак, скенирањата покажаа фрактура на потколеницата и во понеделникот тој бил подложен на успешна операција за да се врати коската на местото.

Клубот од „Енфилд“ не даде проценка колку долго ќе отсуствува шведскиот напаѓач, но англиските медиуми објавуваат дека закрепнувањето од таква повреда на ногата трае околу 12 седмици.

Исак се повреди по стартот на дефанзивецот на Тотенхем, Мики Ван де Вен, откако го постигна само својот втор гол во Премиер лигата за Ливерпул. Интересно е што Ван де Вен дури и не доби жолт картон за својот старт.

Швеѓанецот пристигна во Ливерпул од Њукасл Јунајтед ова лето за огромни 150 милиони евра.

globe

Слични новости