Десниот бек на Ливерпул, 26-годишниот Трент Александер-Арнолд по завршувањето на сезоната го напушта „Енфилд“ и кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид, објавија во вторникот британските медиуми, додавајќи дека англискиот репрезентативец веќе ги договорил сите детали со „Кралскиот клуб“.
Договорот на Александер-Арнолд со „Црвените“ истекува на крајот на јуни и тој ќе премине во Реал како слободен играч, односно без обештетување.

Британските медиуми пренесуваат дека тој ќе потпише петгодишен договор со шпанскиот клуб, според кој треба да има плата од 15 милиони евра по сезона плус бонус за учинок. Тој ќе добие и посебен бонус за потпишување договор со мадридскиот клуб. Во Ливерпул годишно заработуваше 11 милиони евра.
Александер-Арнолд дојде преку младинската академија на Ливерпул, а најголемата негова предност е што често се приклучува во нападот, па оваа сезона постигна три гола и впиша седум асистенции во сите натпреварувања.
Слични новости
Новак Ѓоковиќ и Јакуб Меншик во финалето на Мастерсот во Мајами
Новак рече дека се радува што во финалето во недела ќе има можност да игра за својата јубилјна 100-та титула во кариерата. „Ќе дадам се од себе и ќе играм како никогаш досега, за да стигнам до стотата титула во кариерата“ порача Ѓоковиќ.
Минесота го победи Феникс во борбата за плеј оф на Западот, Денвер убедлив против ослабената Јута
Минесота е осма на западот со ист број на победи 42 како седмопласираните Голден Стејт и шестопласираните Клиперс. Шестопласираниот тим на западот во првото коло на плеј офот најверојатно ќе игра против Денвер кој е трети
Марадона починал во агонија, изјави на судењето форензички експерт
Славниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона починал во агонија од пулмонален едем и болест на срцевиот мускул, изјави медицински експерт на судењето во Буенос Аирес