Десниот бек на Ливерпул, 26-годишниот Трент Александер-Арнолд по завршувањето на сезоната го напушта „Енфилд“ и кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид, објавија во вторникот британските медиуми, додавајќи дека англискиот репрезентативец веќе ги договорил сите детали со „Кралскиот клуб“.
Договорот на Александер-Арнолд со „Црвените“ истекува на крајот на јуни и тој ќе премине во Реал како слободен играч, односно без обештетување.

Британските медиуми пренесуваат дека тој ќе потпише петгодишен договор со шпанскиот клуб, според кој треба да има плата од 15 милиони евра по сезона плус бонус за учинок. Тој ќе добие и посебен бонус за потпишување договор со мадридскиот клуб. Во Ливерпул годишно заработуваше 11 милиони евра.
Александер-Арнолд дојде преку младинската академија на Ливерпул, а најголемата негова предност е што често се приклучува во нападот, па оваа сезона постигна три гола и впиша седум асистенции во сите натпреварувања.
Слични новости
Блатер и Платини ослободени од обвиненијата за корупција
Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер и францускиот и светскиот фудбалски великан Мишел Платини, поранешен претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), се ослободени од обвиненијата за корупција
НБА: Повреда на Тејтум во победата на Селтикс, Нагетс и натаму немоќни без Јокиќ
Бранителот на титулата Бостон Селтикс го зацврсти своето место на второто место на Истокот со победата на гости со 113:95 над Сакраменто Кингс, но навивачите на Селтикс веројатно се повеќе загрижени поради повредата на десниот зглоб на нивниот најдобар играч Џејсон Тејтум
Втори победи за Англија, БиХ и Полска во европските квалификации за мундијалот 2026.
Очекувано, стопроцентна е селекцијата на Англија, откако ја совлада Летонија со 3:0 (1:0) како домаќин во групата Л