Набргу по затварањето на гласачките места и објавувањето на првите неофицијални резултати носителот на листата „Обединета Србија“ Александар Вучиќ го призна поразот и рече дека Студентската листа освои најмногу мандати на изборите. „Врз основа на стратификуваниот примерок, јасно е дека овие избори ги загубивме“, изјави Вучиќ што беше сигнал за граѓаните на Србија масовно да излезат на улиците и да прославуваат.  

„ За разлика од нив кои во изминатите 14 години ни еднаш не честитаа, јас им честитам и им посакувам успех. Иако се тие само извршители на работите. Извршителите на валканите работи кој ги осмислил некој друг за да урне една суверена земја. Во еден момент успеавте, но ќе видиме до кога“ порача Вучиќ во говорот со кој го призна поразот.

Во говорот тој остро ги нападна и малкуте телевизии во Србија кои не беа под негова контрола за лажење и непрофесионално однесување.

Вучиќ порача дека никој нема да бега од Србија и дека ќе го заштити секој човек од нивното „јавање“, малтретирање и се друго.

Слични новости

Поранешниот шеф на Гугл побара да се исклучи вештачката интелигенција

Поранешниот шеф на Гугл побара да се исклучи вештачката интелигенција

Поранешниот извршен директор на Гугл Ерик Шмит предупреди дека системите на вештачката интелигенција во наредните пет години би можеле да станат толку напредни што луѓето веќе нема да може да разберат што прават.