Теророт на оние кои победија на изборите доби посебна фаза, односно гаснење на телевизиите, порача носителот на листата „Обединета Србија“ Александар Вучиќ. Тој истакна дека српскиот регулатор за медиуми ( РЕМ )му наложил на информер да го затемни екранот, а потоа за десетина дена и целосно да биде изгаснат. Вучиќ рече дека е огорчен и му е срам што гледа луѓе кои биле на неговата страна, а сега се приклучуваат на таквите одлуки.
Тој рече дека Информер „и го обели образот“ на демократска Србија и дека зад одлуката на РЕМ стоеле претставниците на Европската Унија.
Вучиќ се закани дека гарантира оти ќе одговараат сите за „злостроствата што ги прават против народот на Србија, демократијата, газење на слободата на говорот и уривање на уставниот принцип на слободата на изразување“.
Дали ќе поминат две или три години не знам, но сите ќе одговараат, порача Вучиќ.
Тој најави дека пратеничката група на Обединета Србија во парламентот ќе дејствува под името „Србија против теророт“ и дека тој ќе биде шеф на пратеничката група.
Слични новости
Студентите во Србија влегуваат во изборната трка
Студентското движење во Србија, кое речиси две години предводи антивладини протести и официјално ја поднесе својата изборна листа за предвремените парламентарни избори на 25 октомври.
ЦДУ победи на локалните избори во Долна Саксонија, АФД трета
На локалните избори одржани во неделата на кои право на глас имаа 6,3 милиони избирачи ЦДУ освои 27,2 насто од гласовите, СПД 24,6, додека АФД освои 15,9 насто од гласовите, пренесува денеска „Шпигел“.
Трамп: САД може да останат во Иран и да ја задржат нафтата како во Венецуела
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека САД би можеле да останат во Иран и да ја „задржат нафтата“, како во случајот со договорите со Венецуела.


