Движењето Самоопределување го номинираше својот лидер, Албин Курти, за премиер на изборите закажани на 28 декември во Косово. Потпретседателот на партијата, Гљаук Коњуфца, го оцени Курти како најуспешен прeмиер и најгласно поддржан од народот во историјата на парламентарната демократија.
Коњуфца ги обвини опозициските партии дека се обидуваат да ја блокираат државата за да го ослабнат Курти, нагласувајќи дека граѓаните имаат право да прашаат што всушност сакаат другите политички субјекти.
Курти, пак, истакна дека повторното одржување избори не е негова вина, туку резултат на одбивањето на другите партии за соработка. Претходно, за премиер беа номинирани и кандидатите на Демократската партија на Косово, Бедри Хамза, и на Демократскиот сојуз на Косово, Љумир Абдиџику, кои исто така ќе учествуваат во изборната трка.
Слични новости
Могерини поднесе оставка на позицијата ректор на Колеџот на Европа
Поранешната висока претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини поднесе оставка на позицијата ректор на Колеџот на Европа, откако беше уапсена во Белгија под сомнение за измама и корупција
Протести во Бугарија: Иако буџетот беше повлечен поради притисокот на јавноста граѓаните бараат предвремени избори
Масовните граѓански протести што почнаа како реакција на контроверзниот предлог-буџет за 2026 година, за кратко време прераснаа во барање за итна оставка на Владата на премиерот Росен Жељазков и за предвремени парламентарни избори.
Путин: Состанокот со Виткоф и Кушнер беше многу корисен
Рускиот претседател рече дека предлозите кои ги донеле американските претставници во Москва се засновани на договорите меѓу него и Трамп на Алјаска. Притоа нагласи и оти постигнувањето на консензус е „тешка задача“.


