Покрај активниот состав на вооружените сили, Албанија ќе формира резервен армиски состав кој ќе брои 2100 припадници.
„Резервистите ќе бидат обучени со цел да се комплетира досегашната структура на армијата во одржување на нивото на подготвеност и оперативност потребни за исполнување на националните обврски во рамки на НАТО’, се наведува во документот.
Предлог-законот предвидува резервниот состав да биде 25 отсто од активните сили или околу 2.100 лица, со што „ќе се обезбеди значителен капацитет за брза реакција во итни случаи“.
Во парламентарната комисија за национална безбедност, министерот за одбрана Пиро Венгу презентираше детали за трошоците за резервниот армиски состав.
„До 2025 година целиме да ангажираме 125 лица со трошок од 1,5 милиони евра а до 2030 година 475 лица, за што се предвидени средства во износ од 2,8 милиони евра“, посочи Венгу.
Наведе дека во некои европски земји се обновува задолжителниот воен рок во различни форми, но во моментов Албанија нема такви планови.
Во комисијата за национална безбедност Предлог-законот помина само со гласовите на пратениците од владејачката Социјалистичка партија, додека демократите ја напуштија просторијата во моментот пред гласањето. Предлог-законот набрзо ќе се најде на пленарна седница на Парламентот на усвојување.
Слични новости
БиХ: Момче со автомобил ја скршило рампата на граничен премин и набргу загинало
На видеото кое е споделено на социјалните мрежи се слушаат два удари, од кои едниот е звукот на пробивањето на рампата, а на снимките од инцидентот се гледа дека полицајците побегнале кога сфатиле дека возачот нема намера да запре
Инцидент во Земун, на протест нервозен возач влета во масата луѓе
За време на оддавањето почит на жртвите во Нови Сад пред Земјоделскиот факултет во Земун се случи инцидент кога возач на патнички автомобил покосил неколку граѓани.
Граѓаните на Нови Сад во масовен протест за поддршка на студентските блокади
Стотици граѓани се собраа пред зградата на Ректоратот на Универзитетот во Нови Сад за да ја изразат поддршката на студентите кои веќе неколку дена ги блокираат сите факултети во овој град како протест против актуелната состојба во високото образование и барањата за одговорност за неодамнешната несреќа на железничката станица