Покрај активниот состав на вооружените сили, Албанија ќе формира резервен армиски состав кој ќе брои 2100 припадници.
„Резервистите ќе бидат обучени со цел да се комплетира досегашната структура на армијата во одржување на нивото на подготвеност и оперативност потребни за исполнување на националните обврски во рамки на НАТО’, се наведува во документот.
Предлог-законот предвидува резервниот состав да биде 25 отсто од активните сили или околу 2.100 лица, со што „ќе се обезбеди значителен капацитет за брза реакција во итни случаи“.
Во парламентарната комисија за национална безбедност, министерот за одбрана Пиро Венгу презентираше детали за трошоците за резервниот армиски состав.
„До 2025 година целиме да ангажираме 125 лица со трошок од 1,5 милиони евра а до 2030 година 475 лица, за што се предвидени средства во износ од 2,8 милиони евра“, посочи Венгу.
Наведе дека во некои европски земји се обновува задолжителниот воен рок во различни форми, но во моментов Албанија нема такви планови.
Во комисијата за национална безбедност Предлог-законот помина само со гласовите на пратениците од владејачката Социјалистичка партија, додека демократите ја напуштија просторијата во моментот пред гласањето. Предлог-законот набрзо ќе се најде на пленарна седница на Парламентот на усвојување.
Слични новости
Извештај на АИ: Српската влада незаконски шпионира активисти, НВО и новинари
Амнести интернешенел објави извештај кој открива како властите во Србија незаконски шпионирале мобилни телефони на активисти кои организирале протести, членови на невладини организации и независни новинари, пренесоа српските медиуми.
Продолжуваат протестите и блокадите во Белград поради трагедијата во Нови Сад
Во српската престолнина Белград и во неделата на повеќе локации беа поставени блокади во знак на протест поради жртвите од трагедијата на железничката станица во Нови Сад
Во вторник третата меѓувладина конференција Албанија – ЕУ, делегацијата ќе ја предводи премиерот Рама
Премиерот Еди Рама ќе је предводи албанската делегација, која во вторник (17 декември) ќе престојува во Брисел, за третата Меѓувладина конференција со Европската унија.