Покрај активниот состав на вооружените сили, Албанија ќе формира резервен армиски состав кој ќе брои 2100 припадници.
„Резервистите ќе бидат обучени со цел да се комплетира досегашната структура на армијата во одржување на нивото на подготвеност и оперативност потребни за исполнување на националните обврски во рамки на НАТО’, се наведува во документот.
Предлог-законот предвидува резервниот состав да биде 25 отсто од активните сили или околу 2.100 лица, со што „ќе се обезбеди значителен капацитет за брза реакција во итни случаи“.
Во парламентарната комисија за национална безбедност, министерот за одбрана Пиро Венгу презентираше детали за трошоците за резервниот армиски состав.
„До 2025 година целиме да ангажираме 125 лица со трошок од 1,5 милиони евра а до 2030 година 475 лица, за што се предвидени средства во износ од 2,8 милиони евра“, посочи Венгу.
Наведе дека во некои европски земји се обновува задолжителниот воен рок во различни форми, но во моментов Албанија нема такви планови.
Во комисијата за национална безбедност Предлог-законот помина само со гласовите на пратениците од владејачката Социјалистичка партија, додека демократите ја напуштија просторијата во моментот пред гласањето. Предлог-законот набрзо ќе се најде на пленарна седница на Парламентот на усвојување.
Слични новости
Тензии во и пред Собранието на Војводина додека се гласаше за буџетот
Претставниците на опозицијата во Скупштината на Војводина во вторникот побараа оставки од претседателот на парламентот на Војводина, Балинт Јухас и од претседателката на покраинската влада, Маја Гојковиќ
Завршна декларација од Самитот ЕУ-Западен Балкан: Забрзувањето на пристапниот процес е заеднички интерес
Во текстот се посочува дека помирувањето, инклузивната регионална соработка и добрососедските односи се сржта на Европската Унија, па затоа од суштинско значење е спроведувањето на меѓународните договори со добра волја и со видливи резултати, вклучително и на Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија
Црна Гора ги затвори преговорите во три поглавја
На меѓувладината конференција за пристапување, Црна Гора ги заврши преговорите во три поглавја: право на интелектуална сопственост, информатичко општество и медиуми и претприемништво и индустриска политика