Покрај активниот состав на вооружените сили, Албанија ќе формира резервен армиски состав кој ќе брои 2100 припадници.
„Резервистите ќе бидат обучени со цел да се комплетира досегашната структура на армијата во одржување на нивото на подготвеност и оперативност потребни за исполнување на националните обврски во рамки на НАТО’, се наведува во документот.
Предлог-законот предвидува резервниот состав да биде 25 отсто од активните сили или околу 2.100 лица, со што „ќе се обезбеди значителен капацитет за брза реакција во итни случаи“.
Во парламентарната комисија за национална безбедност, министерот за одбрана Пиро Венгу презентираше детали за трошоците за резервниот армиски состав.
„До 2025 година целиме да ангажираме 125 лица со трошок од 1,5 милиони евра а до 2030 година 475 лица, за што се предвидени средства во износ од 2,8 милиони евра“, посочи Венгу.
Наведе дека во некои европски земји се обновува задолжителниот воен рок во различни форми, но во моментов Албанија нема такви планови.
Во комисијата за национална безбедност Предлог-законот помина само со гласовите на пратениците од владејачката Социјалистичка партија, додека демократите ја напуштија просторијата во моментот пред гласањето. Предлог-законот набрзо ќе се најде на пленарна седница на Парламентот на усвојување.
Слични новости
НАТО: Србија сама треба да одлучи какви односи сака со Алијансата
На конференцијата „НАТО и партнери 2024: Преку доверба до мир“, одржана во Белград, беше истакнато дека Србија сама треба да одлучи за своите односи со НАТО, а Алијансата ќе ја почитува секоја одлука.
Црна Гора: На седница на парламентарна комисија фрлена димна бомба
На инцидентот му претходеше жестока дебата, за време на која опозицијата предводена од Демократската партија на социјалистите тврдеше дека станува збор за обид за уставен удар во Црна Гора
Турција ќе добие уште милијарда евра од ЕУ за сириските бегалци
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во вторникот објави дека Турција ќе добие уштемилијарда евра оваа година за помош на сириските бегалци во земјата