Албанската влада усвои мерки со кои се предвидуваат казни до 500.000 леки, односно околу 6.130 долари, за лицата кои остануваат во толпа што учествува во насилство или ограбување на јавен простор, дури и ако лично не извршиле насилни дејства.

Мерките доаѓаат по повеќемесечните антивладини протести во Тирана, кои во последните денови прераснаа во судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили.

Протестите започнаа во мај со незадоволство поради проект за луксузен хотел во заштитено природно подрачје, а во октомври прераснаа во студентски демонстрации против корупцијата, проблемите во здравствениот систем и недостигот од перспективи за младите.

Мерките стапија во сила веднаш, но мора да добијат одобрение од парламентот во рок од 45 дена за да останат во сила.

Слични новости

Поранешниот шеф на Гугл побара да се исклучи вештачката интелигенција

Поранешниот шеф на Гугл побара да се исклучи вештачката интелигенција

Поранешниот извршен директор на Гугл Ерик Шмит предупреди дека системите на вештачката интелигенција во наредните пет години би можеле да станат толку напредни што луѓето веќе нема да може да разберат што прават.