По крвавиот настан, во кој беше усмртено 14-годшно момче од негов врсник и растот на врсничкото насилство, албанската Влада денеска најави ограничувања во користењето на социјалните мрежи од страна на малолетници или целосна забрана на ТикТок или Снепчет.
– Три дена и возрасни и деца се шокирани од убиството на 14-годишен ученик со нож од друг тинејџер. Целата динамика на трагедијата ја истакнува трајната закана со која живеат сите семејства кои воспитуваат деца во денешниот свет, каде што социјалните мрежи, а особено ТикТок или Снапчет, секојдневно ги внесуваат нашите деца во нивните лавиринти од најмала возраст, рече албанскиот премиер Еди Рама.
На прес-конференцијата по владиниот состанок, Рама додаде дека „гарантирањето на безбедноста на децата е приоритет над приоритетите, но вистинските одговори не се толку едноставни во овие предизвикувачки услови“.
– Нашата дилема како Влада е дали и ние треба да се обидеме да одиме во насока на поставување филтри, а всушност од сите досегашни искуства во Европа или пошироко дознаваме дека нивната ефикасност е сè уште многу ниска, нагласи тој.
Во меѓувреме, според него „врсничкото насилство и случаи на малтретирање во онлајн светот на деца и тинејџери само се зголемуваат“.
– Размислуваме да преземеме драстична мерка за целосно затворање на ТикТок и зошто да не и Снепчет на територијата на Република Албанија. Решивме ова да го ставиме на широка расправа во сите родителски заедници каде што сите училишта ќе бидат ангажирани под раководство на Министерството за образование да донесат одлука, што е можно подемократска, за ваков голем и комплексен проблем по содржина и сопствено решение, рече Рама.
Најави дека како влада во соработка со Обединети Арапски Емирати предвидено е инсталирање дигитален систем, со кој „ќе се контролира секој агол“.
– Ќе ги контролираме училниците, училиштата и улиците, секој агол, преку дигитален систем за што работиме со Владата на ОАЕ. Наскоро ќе го претставиме јавно и ќе почнеме да работиме на негова имплементација, која се стремиме да ја завршиме во рок од 20 месеци, додека чекор по чекор училиштата ќе бидат опремени со овој систем, посочи Рама.
Во Албанија неколку години во сила е одлуката за забрана за користење мобилни телефони за време на наставата.
Слични новости
Протести во Србија, оставка на уште еден министер
Српскиот министер за трговија Томислав Момировиќ во средата поднесе оставка поради притисокот и протестите на граѓаните и опозицијата кои бараат кривично гонење на одговорните за несреќата во железничката станица во Нови Сад на почетокот на ноември, која однесе 15 животи
Таткото на детето масовен убиец од Белград не се чувствува виновен
Во Вишиот суд во Белград во средата продолжи судењето на Миљана и Владимир Кецмановиќ, родителите на четиринаесетгодишникот кој на 3. мај минатата година уби девет негови врсници и училишниот чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград
Блокади на Савски и Бранков мост во Белград и на судот во Нови Сад, Вучиќ го свика Советот за национална безбедност
Додека во Нови Сад втор ден по ред траат блокадите и протестите пред судот и обвинтелството, опозицијата во Белград паралелно има протест и блокада на стариот Савски мост, а најавена е и блокада на Бранков мост