По битката за печатот и логото, Сали Бериша сега и официјално е запишан во судскиот регистар како претседател на Демократската партија. Во одлуката на судот се наведува дека „Претседател на Демократската партија на Албанија е господинот Сали Бериша“ и оти одлуката е донесена по „барање на заинтересираниот субјект“.
Со тоа конечно по три години заврши правната битка во судот за судбината на најголемата опозициска партија во земјава.

Бериша и неговите приврзаници во средина на декември 2021 година насилно го зазедоа партиското седиштето, но правото на користење на печатот и логото ги добија на 11 јули годинава, по одлука на Апелацискиот суд.
Недоразбирањата во редовите на партијата почнаа откако Бериша во мај 2022 година од страна на САД беше прогласен за непожелен, по што по барање на тогашната американска амбасадорка Јури Ким, Баша го исклучи од партијата и му ја одзеде титулата почесен претседател.
Потоа почнаа недоразбирањата во партијата која ја преживуваше најдлабоката криза. Сепак поголемиот процент од членството и пратениците се со Бериша.
Баша сега ја предводи групата ДП-евроатлантски демократи и во парламентот има само 7 пратеници, наспроти Бериша кој има 45 пратеници.
Баша, инаку беше најблизок соработник на Бериша, по чиј предлог во 2013 година беше избран за претседател на партијата, откако по поразот на парламентарните избори Бериша се повлече од челната позиција.
Слични новости
Додик осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење дејност
На претседателот на Република Српска му се судеше од февруари 2024 година затоа што не постапил по одлуката на високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит, одговорен за почитување на мировниот договор
Во куќа во Брчко откриено 31 дете, меѓу кои и бебиња, предмет на трговија со луѓе
. Кај децата биле пронајдени хрватски пасоши, а три лица се уапсени под сомнение дека извршиле повеќе кривични дела, меѓу кои и трговија со луѓе
Поради Курти, Косово остана без поддршката на НАТО, САД и ЕУ, вели Харадинај
Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (АБК) Рамуш Харадинај денеска го обвини премиерот Албин Курти дека со својата политика ги поделил граѓаните на Косово и ја оставил земјата без поддршка од НАТО, САД и Европската Унија