Генералниот секретар на албанската опозициска Демократска партија, Фљамур Нока, во гостување на А2 CNN уште повеќе ја надополни перцепцијата на демократите дека администрацијата на американскиот републикански претседател Доналд Трамп ќе ја отстрани мерката „нон грата” за Сали Бериша.
Според него, Унијата на демократите на светот, чиј дел е и Републиканската партија на Трамп, изгласала резолуција со која се осудува режимот на премиерот Еди Рама, се бара формирање техничка влада во Албанија, а за Нока тоа значи дека одлуката за Бериша е неважечка.
Нока се пофали дека Демократсата партија веќе има „најголема“ меѓународна поддршка.
„Унијата на демократските партии на светот усвои резолуција со која го осудува режимот на Еди Рама, кој ја загрозува правдата, а ги осудува и апсењата на опозициското раководство. Оваа резолуција бара формирање техничка влада во нашата земја пред парламентарните избори. Овој сојуз е предводен од Републиканската партија на Трамп. Теоретски падна и одлуката за Бериша -“нон грата”. Ветерот на Трамп дува. Денес сме партија со најголема поддршка од меѓународниот фактор“, изјави Нока.
Тој е убеден во победата на демократите на општите избори што во Албанија ќе се одржат на 11 мај, додавајќи дека ќе освојат над 60 отсто од гласовите.
Слични новости
Герапетритис: Грција, Кипар и Австрија предлагаат одредување специјален претставник на ЕУ за Сирија
Шефот на грчката дипломатија, одговарајќи на новинарско прашање за ситуацијата во Сирија објасни дека Грција има јасна позиција дека „во моментов она што е важно е да се обезбеди транзиција кон демократска нормалност
Борисов: Се изгуби многу време за Северна Македонија
Досега преговорите се одвиваат добро. A колку е потивко, толку подобро. Нека поминат сите теми па после ќе разговараме. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на маргините на Собранието на третиот ден од почетокот на преговорите меѓу ГЕРБ и ДБ за влада
Во Атина уапсени службеници во пристаништето поради вмешаност во трговија со кокаин
Двајца раководители на терминалите за контејнери се уапсени бидејќи биле вмешани во ланец на трговија со кокаин, соопшти грчката гранична полиција....