Во Брисел во вторникот се одржа третата меѓувладина конференција ЕУ-Албанија на која за земјава беше отворен Кластерот 6 за надворешна политика. Кластерот 6 се состои од преговарачки поглавја 30 (надворешни односи) и 31 (надворешна, безбедносна и одбранбена политика).

Делегацијата на ЕУ на Меѓувладината конференција беше предводена од министерот за надворешни работи и трговија Петер Сијарто во име на Унгарија, која претседава со Унијата до крајот на годината, и од албанскиот премиер Еди Рама. Учествуваше и европската комесарка за проширување Марта Кос.

Албанија го отвори првиот кластер во преговорите за членство во ЕУ на 15-ти октомври.

„Денеска ја одржавме втората Меѓувладина конференција со Албанија за време на унгарското претседателство, преземајќи уште еден конкретен чекор во претпристапниот процес. Овој напредок го одразува нашиот силен фокус на интеграцијата на Западен Балкан, што е од клучно значење за стабилноста и иднината на ЕУ“, рече Сијарто.

Рама во Брисел истакна дека амбицијата на Албанија е да отвори повеќе кластери до пролет, а потоа да го заврши отворањето на поглавјата следната година. Тој додаде дека отворањето на Кластер 6 ја мотивира Тирана на нејзиниот пат кон ЕУ.

Во соопштението на Советот на ЕУ се наведува дека напредокот во усогласувањето и спроведувањето на правото на ЕУ и релевантните европски стандарди ќе продолжи да се следи за време на преговорите со Албанија.

globe

Слични новости

Граѓаните на Нови Сад во масовен протест за поддршка на студентските блокади

Граѓаните на Нови Сад во масовен протест за поддршка на студентските блокади

Стотици граѓани се собраа пред зградата на Ректоратот на Универзитетот во Нови Сад за да ја изразат поддршката на студентите кои веќе неколку дена ги блокираат сите факултети во овој град како протест против актуелната состојба во високото образование и барањата за одговорност за неодамнешната несреќа на железничката станица

Хрватска: Училишните синдикати протестираат против оценувањето и неправедните коефициенти

Хрватска: Училишните синдикати протестираат против оценувањето и неправедните коефициенти

Синдикатите на хрватстките училишта во Загреб одржаа во саботата протест поради незадоволството од новиот Закон за плати и системот за оценување што треба да стапи на сила во јавните служби од 1. јануари