Американската компанија Тесла објави мешовити финансиски резултати за втроиот квартал од 2026, откако вкупниот приход ги надмина очекувањата на Волстрит и достигна 28,2 милијарди долари, но акциите на компанијата поради понискиот профит паднаа за четири насто на крајот на тргувањето на американските берзи.

Главната причина за незадоволството на инвеститорите е поради остриот пад на заработката по акција која изнесуваше 0,33 долари по акција во однос на прогнозираниот профит од 0,51 долар по акција, како и во слабите профитни маржи.

Просечната цена на продажбата на возилата Тесла исто така е намалена поради укинување на скапите модели „С“ и „Х“ на сметка на поевтините електрични автомобили.

Слични новости

Американскиот претседател Трамп предвидува драстично намалување на цената на нафтата

Американскиот претседател Трамп предвидува драстично намалување на цената на нафтата

Трамп најави дека цените на нафтените деривати во САД набргу ќе паднат на три долари за галон, а откако се ќе се заврши и под два долари за галон. Во моментов цената на дизелот во Калифорнија изнесува 5,86 долари за галон.