Акциите на американската технолошка компанија Мета пораснаа за 10 насто, откако Мета ги објави резултатите за четвртиот квартал од 2025 кои ги надминаа очекувањата на пазарот и донесоа оптимистичка прогноза за 2026.

Мета во четвртиот квартал на 2025 оствари добивка од 8,88 долари по акција, над проценките на аналитичарите, додека приходите достигнаа 59,89 милијарди долари, исто така над очекувањата, пренесува ЦНБЦ.

Приходите на компанијата во четвртиот квартал на 2025 пораснаа за 24 насто на годишно ниво, а главниот извор на приходите се рекламите кои сочинуваат 97 насто од вкупните приходи.

Слични новости

САД привремено дозволија да се купува руска нафта

САД привремено дозволија да се купува руска нафта

Соединетите Американски Држави привремено им дозволија на земјите да купуваат руска нафта што веќе е натоварена на бродови на море, со цел да се ублажи економскиот удар од војната меѓу САД, Израел и Иран.