Акциите на компанијата „Најк“ денеска паднаа за околу 10 проценти, откако производителот на спортска опрема објави пад на приходите и прогноза што ги разочара инвеститорите.

„Најк“ наведе дека неговиот приход во первиот фискален квартал падна за 4 насто меѓугодишно на 11,2 милијарди долари, додека нето добивката е намалена за 2 насто на 712 милиони долари.

Огромен пад на продажбата има во Кина, кој делумно е ублажен со растот на продажбата во САД, објави телевизијата Си Ен Би Си.

Акциите на „Најк“ од почетокот на годината загубија 45 насто од својата вредност.

Слични новости

Падот на акциите на технолошките копании го урна оптимизмот на американските берзи

Падот на акциите на технолошките копании го урна оптимизмот на американските берзи

Падот на вредноста на производителите на чипови влијаеше на целиот пазар, па акциите на компанијата „Мајкрон технолоџи“ отидоа во минус за повеќе од пет насто, додека „АМД“ и „Бродком“ ослабнаа за 3, односно 2 насто.