Акциите на матичната компанија на Гугл, „Алфабет“, паднаа за речиси 10 отсто во тргувањето по затворањето на американските берзи во средата, откако финансиските резултати предизвикаа загриженост кај инвеститорите поради огромните трошоци за развој на вештачката интелигенција, објави Ројтерс.
Иако компанијата бележи силен раст на приходите од облак-услугите, кои се повеќе од двојно зголемени во последниот квартал, инвеститорите сè повеќе го доведуваат во прашање темпото со кое технолошките гиганти вложуваат во инфраструктура за вештачка интелигенција.
За разлика од „Алфабет“, акциите на „Мајкрософт“ пораснаа за повеќе од 3 отсто во тргувањето по затворањето на берзите, откако компанијата објави силни финансиски резултати и раст од 48 отсто на приходите од облак-платформата „Азур“.
Слични новости
Ексонмобил очекува раст на добивката од преработувањето на нафтата за 4,5 милијарди долари во третиот квартал
Маржите во преработувачката на нафта нагло пораснаа поради војната со Иран, кој го ограничи транспортот на енергентите низ Ормутскиот теснец, како и поради украинските напади врз руските рафинерии, пренесува Ројтерс.
Цената на нафтата Брент над 103 долари за барел, поради тензиите на Блискиот исток
Цената на нафтата Брент повторно поскапе и изнесува над 103 долари за барел и се движи кон неделен пораст, додека американската сирова нафта ВТИ се задржа на 98 долари за барел, што е за шест проценти повеќе од почетокот на неделата.
Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе шест мерки за стабилизација на пазарот на енергентите
Меѓу мерките се ослободување на 100 милиони барели нафта и дизел во наредните четири месеци, како и отварање стратегиски дијалог за европските рафинерии, чија цел е намалување на цените.


