Акциите на матичната компанија на Гугл, „Алфабет“, паднаа за речиси 10 отсто во тргувањето по затворањето на американските берзи во средата, откако финансиските резултати предизвикаа загриженост кај инвеститорите поради огромните трошоци за развој на вештачката интелигенција, објави Ројтерс.
Иако компанијата бележи силен раст на приходите од облак-услугите, кои се повеќе од двојно зголемени во последниот квартал, инвеститорите сè повеќе го доведуваат во прашање темпото со кое технолошките гиганти вложуваат во инфраструктура за вештачка интелигенција.
За разлика од „Алфабет“, акциите на „Мајкрософт“ пораснаа за повеќе од 3 отсто во тргувањето по затворањето на берзите, откако компанијата објави силни финансиски резултати и раст од 48 отсто на приходите од облак-платформата „Азур“.
Слични новости
Американските акции паднаа по неочекуваниот раст на бројот на вработените во САД
Тоа ги зголеми проценките дека Федералните резерви би можеле да ги зголемат каматните стапки на наредниот состанок, пренесе Си Ен Би Си.
Цената на сировата нафта благо падна на околу 95 долари за барел
Цената на сировата нафта Брент благо падна под влијание на тензиите меѓу Иран и САД на околу 95 долари за барел, но на неделно ниво порасна за околу 8 насто, што е највисоко поскапување од средината на јули.
Цените на нафтата во пад поради намалениот ризик од пореметување во снабдувањето
Американската лесна нафта ВТИ се движи по цена од околу 83 долари за барел, додека Северноморската нафта Брент е на ниво од околу 88 долари за барел.
