Акциите на матичната компанија на Гугл, „Алфабет“, паднаа за речиси 10 отсто во тргувањето по затворањето на американските берзи во средата, откако финансиските резултати предизвикаа загриженост кај инвеститорите поради огромните трошоци за развој на вештачката интелигенција, објави Ројтерс.
Иако компанијата бележи силен раст на приходите од облак-услугите, кои се повеќе од двојно зголемени во последниот квартал, инвеститорите сè повеќе го доведуваат во прашање темпото со кое технолошките гиганти вложуваат во инфраструктура за вештачка интелигенција.
За разлика од „Алфабет“, акциите на „Мајкрософт“ пораснаа за повеќе од 3 отсто во тргувањето по затворањето на берзите, откако компанијата објави силни финансиски резултати и раст од 48 отсто на приходите од облак-платформата „Азур“.
Слични новости
Цената на нафтата падна поради надеж за дипломатско решение меѓу САД и Иран
Цената на нафтата Брент е под 115 долари за барел, откако се обновени дипломатските настојувања за решавање на конфликтот, што ги поттикна надежите за окончување на војната меѓу САД и Иран.
Светската банка прогнозира забрзување на растот на западен Балкан
Според проекциите просечната стапка на раст во Србија, Албанија, Босна, Македонија и Црна Гора ќе достигне до 3,1 насто во 2026, што претставува зголемување од 2,6 насто колку што беше растот во 2025.
Нафтата Брент благо поевтини на 114,9 долари за барел
Цената на нафтата утрово падна за 0,77 насто под 115 долари за барел, а притисокот врз цените по неодамнешниот ценовен шок полека попушта.


