Активноста на приватниот сектор во Германија бележи пад во мај, пред се поради слабата побарувачка и порастот на трошоците, објави денеска СП Глобал.

Композитниот индекс ПМИ благо порасна ма 48,6 поени, од априлските 48,4, но остана под границата од 50 поени која што ги раздвојува растот од падот на активностите, пренесе Трејдинг економикс.

Најголемиот товар за економското забавување и натаму паѓа врз услужниот сектор, иако е забележано благо подобрување во однос на април.

Слични новости

Горивата поскапуваат од полноќ

Горивата поскапуваат од полноќ

Еуросупер БС-95 поскапува за два денара и ќе чини 87 денари за литар, а Еуросупер БС-98 поскапува за два и пол денари и од полноќ ќе се продава по цена од 89 денари за литар. За два и пол денари се зголемува и цената на дизелот кој сега ќе чини 92 денара за литар.

Цената на нафтата Брент скокна на 110 долари

Цената на нафтата Брент скокна на 110 долари

Цената на нафтата Брент денеска се качи на над 110 долари, што е поскапување за 1.90 насто, додека цената на сировата нафта порасна за 2,32 насто и се тргува за над 107 долари по барел.