Активноста во приватниот сектор на еврозоната го забрза растот во септември на највисоко ниво за последните три и пол години, со посилна активност во услужниот сектор и индустријата.
Вредноста на композитниот индекс на менаџерските набавки (PMI) што ги опфаќа услугите и индустријата порасна на 53,1 поен, што е највисоко ниво од април 2023 и значително над клучната граница од 50 поени која ги раздвојува експанзијата од забавувањето.
Кај секторот на услугите зголемувањето во однос на август е особено значително од 51,6 на 53 поени.
Слични новости
Нафтата Брент падна на 88 долари
Цената на нафтата Брент денеска на берзите падна за 1,05 насто на 88, 049 долари за барел, додека американската лесна нафта ВТИ падна за 1.01 насто на 81,64 долари за барел.
Берзите во исчекување на кварталните извешати на големите компании
Најголемото внимание на берзите неделава ќе биде насочено кон извештаите на Алфабет и Тесла во среда, како и Интел во четврток, кои веројатно ќе имаат клучно влијание на движењето на американските и светските берзи
Европските банки ги заострија условите за одобрување кредити за граѓаните и фирмите
Европските банки ги заострија условите за одобрување кредити за граѓаните и фирмите во вториот квартал оваа година, а овој тренд се очекува да продолжи и во третиот квартал соопшти Европската централна банка.

