На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според информациите на ЦУК, активен е пожарот на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, на потегот од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон Палиград, како и над селото Вражале, каде е зафатена мешана шума.
Активен пожар има и во гостиварското село Трново, каде гори мешана шума, како и над селото Нежилово во Општина Чашка, каде се зафатени смреки.
Под контрола е ставен пожарот кај кичевското село Тајмиште, на месноста Дарда, каде горела високостеблеста букова шума.
Во текот на изминатото деноноќие изгаснати се 25 пожари на различни локации низ државата.
Слични новости
Платата на вработените во Армијата и во одбраната ќе бидат зголемени за 10 отсто од 1 јануари 2027 година
Министерот Мисајловски рече дека буџетот е поминат на владина седница, а во делот на одбраната се предвидува да изнесува 2 милијарди денари повеќе за 2027 година.
НБРM воведе тримесечна администрација во Алта банка
Народната банка воведе тримесечна администрација во „Алта банка“ АД Битола поради околности што можат сериозно да ја загрозат нејзината солвентност
Аркин Јахији од ДУИ е новиот градоначалник на Брвеница
Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција (НАИ), предводена од ДУИ, е победник на вториот круг од предвремените локални избори за градоначалник на Општина Брвеница.


