На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите на ЦУК, активен е пожарот на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, на потегот од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон Палиград, како и над селото Вражале, каде е зафатена мешана шума.

Активен пожар има и во гостиварското село Трново, каде гори мешана шума, како и над селото Нежилово во Општина Чашка, каде се зафатени смреки.

Под контрола е ставен пожарот кај кичевското село Тајмиште, на месноста Дарда, каде горела високостеблеста букова шума.

Во текот на изминатото деноноќие изгаснати се 25 пожари на различни локации низ државата.

 

Слични новости

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ побара итна оставка од Тошковски, наведувајќи дека тој треба да понесе одговорност поради низата скандали. Од партијата бараат да се утврди кој сè е вмешан во случајот и сите одговорни да сносат последици.