На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите на ЦУК, активен е пожарот на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, на потегот од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон Палиград, како и над селото Вражале, каде е зафатена мешана шума.

Активен пожар има и во гостиварското село Трново, каде гори мешана шума, како и над селото Нежилово во Општина Чашка, каде се зафатени смреки.

Под контрола е ставен пожарот кај кичевското село Тајмиште, на месноста Дарда, каде горела високостеблеста букова шума.

Во текот на изминатото деноноќие изгаснати се 25 пожари на различни локации низ државата.

 

Слични новости

МВР и натаму не соопштува детали од истрагата за бегството на Ива Михаилова

МВР и натаму не соопштува детали од истрагата за бегството на Ива Михаилова

„Овој упад кој што е направен и буквално е киднапирано лице коешто сега е бегалец од правдата, нема вака да заврши“ порача премиерот Мицкоски и додаде дека не смее да бидеме жртва на емотивни реакции.