На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според информациите на ЦУК, активен е пожарот на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, на потегот од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон Палиград, како и над селото Вражале, каде е зафатена мешана шума.
Активен пожар има и во гостиварското село Трново, каде гори мешана шума, како и над селото Нежилово во Општина Чашка, каде се зафатени смреки.
Под контрола е ставен пожарот кај кичевското село Тајмиште, на месноста Дарда, каде горела високостеблеста букова шума.
Во текот на изминатото деноноќие изгаснати се 25 пожари на различни локации низ државата.
Слични новости
Мицкоски од Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија, како и суштински дискусии и конкретни резултати од денешниот Самит на Берлинскиот процес во Црна Гора.
Две кумановки и пет банкари со туѓи лични податоци подигнале брзи кредити, оштетиле граѓани за сума од над 12 милиони денари
Поднесена е кривична пријава против две кумановки и пет банкарски службеници за измама, злоупотреба на лични податоци и злоупотреба на службена положба и овластување, поради сомнеж дека оштетиле повеќе граѓани за сума од над 12 милиони денари
На Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство
На Ива Михаилова, обвинета за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, ќе ѝ се суди во отсуство. Вака реши Јавното обвинителство по предлог на Основното Јавно обвинителство Кочани.


