На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите на ЦУК, активен е пожарот на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, на потегот од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон Палиград, како и над селото Вражале, каде е зафатена мешана шума.

Активен пожар има и во гостиварското село Трново, каде гори мешана шума, како и над селото Нежилово во Општина Чашка, каде се зафатени смреки.

Под контрола е ставен пожарот кај кичевското село Тајмиште, на месноста Дарда, каде горела високостеблеста букова шума.

Во текот на изминатото деноноќие изгаснати се 25 пожари на различни локации низ државата.

 

Слични новости

Силјановска Давкова: Државата е пред историски испит

Силјановска Давкова: Државата е пред историски испит

Според Сиљановска-Давкова, чествувањето на делото на револуционерите има смисла само доколку се негуваат вредностите за кои тие се бореле, а нивните идеали се преточуваат во праведност, солидарност и посветеност на општото добро.

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август 2026 година изнесувала 48.733 денари, што е зголемување за 7,6 проценти во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.