Актерката Џејми Ли Кертис, една од многуте познати личности кои мораа да побегнат од пожарот во Калифорнија, изјави дека нејзиното семејство ќе донира еден милион долари помош за погодените во пожарите.

Добитничката на Оскар на Инстаграм објави дека таа и нејзиниот сопруг, актерот и режисер Кристофер Гест, заедно со своите деца, основаа фонд за поддршка на „нашиот голем град и држава и големите луѓе кои таму живеат“.

Кертис додаде и дека веќе била во контакт со официјалните лица околу тоа како средствата да се насочат таму каде што се најпотребни.

Кертис е меѓу многуте филмски и телевизиски ѕвезди кои живееја во Пасифик Палисадс, луксузен кварт покрај океанот кој беше зафатен со пожар во вторникот. Пожарот, сеуште не е изгаснат.

Би Би Си наведува дека во моментов најмалку шест пожари беснеат во Лос Анџелес и соседниот округ Вентура, а дека ниту еден од нив не е локализиран, освен пожарот во Вудли.

Слични новости

Голем број на светски ѕвезди останаа без своите домови откако пожарот во Лос Анџелес се прошири на Холивуд хилс

Голем број на светски ѕвезди останаа без своите домови откако пожарот во Лос Анџелес се прошири на Холивуд хилс

Познатиот актер Џејмс Вудс кој исто така ја загуби куќата во пожарот вели дека апокалиптичната несреќа ви ја тестира душата, затоа што се соочувате со загуба на се што имате одеднаш.