Италијанската фудбалска федерација му упати јасна порака на тренерот Џенаро Гатузо дека доколку Италија не ја победи Босна и Херцеговина тој ќе добие отказ,
Италија ги пропушти последните две светски првенства поради порази во баражите. Пласманот во Русија Италијаните го испуштија со пораз од Шведска , а во 2022 беа шокирани во Палермо од Македонија.
Италија е фаворит пред дуелот со Босна, но е далеку од некогаш моќниот тим составен од големи фудбалски ѕвезди. Гатузо е под голем притисок пред утрешниот меч во Зеница кој почнува од 20 и 45.
Слични новости
Чаби Алонсо ја одби понудата на Олимпик Марсеј да седне на тренерската клупа
Спортските медиуми пишуваат дека Алонсо го чека расплетот на ситуацијата со Арне Слот во Ливерпул, од кого доби повик уште кога Јирген Клоп го напушти „Енфилд“.
Егзибицискиот меч Тајсон-Мејведер во Конго на 25 април
Егзибицискиот меч меѓу боксерските легенди Мајк Тајсон и Флојд Мејведер ќе се одржи на 25 април во Конго, каде што се одржа славниот меч меѓу Мухамед Али и Џорџ Форман за светската титула во 1974.
Милан му нуди на Модриќ да го продолжи договорот
И покрај тоа што е во петттата деценија од животот Лука Модриќ сезонава е еден од најдобрите играчи на Милан и управата на клубот му нуди да го продолжи договорот за уште една година.


