Со 65 гласа „за“, 15 „против“ и ниту еден воздржан, Собранието попладнево го изгласа Азир Алиу за нов министер за здравство на местото на Арберн Таравари кој неодамна даде оставка од министерската функција.
Премиерот Христијан Мицкоски претходно во образложението на предлогот за Азири истакна дека верува оти неговата енергија и знаење ќе донесат нова димензија во менаџирањето со здравствениот систем.

„Доктор Алиу е доктор по информатички науки. Професор, човек, кој со години се занимава со управување со системи, податоци и дигитални решенија. Во време кога некои држави со еден клик добиваат дијагноза, ние се уште трчаме. Време е тоа да се промени. И токму затоа веруваме дека неговата енергија и знаење ќе донесат нова димензија во менаџирањето со здравствениот систем. Дали ќе биде лесно? Не. Нема да биде. Но дали е можно? Да. Затоа што веќе покажавме дека може. Поминаа помалку од една година, а веќе се чувствува разликата. Започнавме со скрининг програми, ги намаливме листите на чекање, воведовме нови лекови на позитивната листа, а паралелно работиме на законски измени што ќе донесат системски ред. Истовремено, се изготвуваат и инфраструктурни проекти, изградба и обнова на здравствени установи, но и дигитализација која ќе спречи злоупотреби. Ќе овозможи секој пациент да има евиденција, услуга и пристап до системот. Во овој процес доктор Алиу ќе има силна поддршка од мене како претседател на Владата, но и силна лична одговорност. Очекувањата од него се големи, а времето не ни е сојузник, рече премиерот Мицкоски.
Азир Алиу е дипломиран електроинженер и доктор по информатички науки кој моментно ја извршува функцијата редовен професор на Факултетот за компјутерски науки и технологии при Универзитетот на ЈИЕ во Тетово. Алиу беше министер за информатичко општество и администрација во 2023 и 2024 година, а, согласно доставената биографија, бил и на други високи и одговорни позиции.
Алиу е дел од Алијансата за Албанците која остана во Вреди по оставката од 15 мај, годинава на Арбен Таравари и неговата одлука да замине во опозиција.
Слични новости
Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани
За разлика од досегашните, овој протестен марш во Кочани ќе почне во 18:05 часот како симбол на задоцнетата реакција на институциите.
Петер Сијарто во посета на Македонија, потврдена поддршката за евроинтеграциите
Разочарани сме што Брисел и западно европските држави постојано поставуваат пречки на пристапувањето на земјите од Западен Балкан кон Унијата, порача шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто
Обвинителен акт против 34 физички и 3 правни лица за трагедијата во „Пулс“
Меѓу 34-цата обвинети се и ексградоначалници, директори, инспектори и државни функционери како министри и секретари. Сите се гонат за исто кривично дело, тешки дела против општата сигурност