Азербејџанската државна енергетска компанија СОКАР почна да им испорачува природен гас на Германија и на Австрија, пренесе Ројтерс.

СОКАР објави дека почнал да испорачува гас за пазарите на јужна и централна Европа преку Трансјадранскиот гасовод, европскиот сегмент на Јужниот гасен коридор.

„Снабдувањето преку Италија, Австрија и Германија дополнително го проширува географскиот дострел на азербејџанскиот гас во Европа“, соопштија од СОКАР.

Со новите пазари бројот на земји кои увезуваат азербејџански гас е зголемен на 16 земји.  

Слични новости