Авиокомпаниите и аеродромите во Европската унија побараа од Европската комисија привремено да го суспендира новиот биометриски систем за гранични проверки за време на летната туристичка сезона.

Тие велат дека воведувањето на системот довело до сериозни застои на аеродромите, при што патниците чекаат и по неколку часа на гранични контроли, а дел од летовите полетуваат полупразни бидејќи патниците не успеваат навреме да стигнат до гејтовите.

Во писмо испратено до Европската комисија, претставници на аеродромите, авиокомпании и Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт, предупредуваат дека ситуацијата станува критична. Патниците се принудени да чекаат долги редици пред терминалите и на отворено бидејќи граничните служби не можат доволно брзо да ги обработат пристигнувањата, се наведува во писмото.

 

Слични новости

Профитот на „Рајан ер“ намален за една третина

Профитот на „Рајан ер“ намален за една третина

Акциите на ирската нискобуџетна авио-компанија Рајан ер денеска паднаа за повеќе од пет насто, откако компанијата објави дека нејзината нето добивка во првиот квартал опадна за 34 насто меѓугодишно

Цената на нафтата продолжува нагло да расте

Цената на нафтата продолжува нагло да расте

Фјучерсите на референтната нафта „Брент“ поскапеа за 3,14 насто на 90,87 долари за барел, достигнувајќи го највисокото ниво од 11-ти јуни. Американската сирова нафта ВТИ поскапе за 2,85 насто на 84,84 долари за барел.