Агенцијата за електронски комуникации денеска ќе му издаде одобрение на „ОНЕ Македонија телекомуникации“ – унгарски „Фор-ај-џи“, за работа како трет мобилен оператор во државата.

Компанијата ја уплати целосната сума за трите радиофреквенциски опсези, вкупно 8 милиони евра, и може да почне со работа, користејќи пристап преку мрежите на постојните оператори додека ја гради својата инфраструктура.

Сопственикот на „Фор-ај-џи“ најави инвестиција од над 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор.

Новиот оператор треба да покрие еден град со 5G до крајот на март 2027 година, главните коридори до 2028, сите градови до 2030 година, а пристап до 5G за сите граѓани до 2032 година со минимална брзина од 100 Mbps.

Процесот за воведување трет мобилен оператор почна минатата година, а единствен квалификуван понудувач на тендерот за радиофреквенции беше „ОНЕ Македонија телекомуникации“.

 

Слични новости

Паметен „зелен бран“за помал метеж во Скопје

Паметен „зелен бран“за помал метеж во Скопје

Новиот систем ќе воведе таканаречен „паметен зелен бран“, кој во реално време ќе го регулира протокот на возила, ќе ги намали метежите и ќе овозможи побезбедно и поефикасно движење низ градот, особено во централното подрачје.