Агенцијата за електронски комуникации денеска ќе му издаде одобрение на „ОНЕ Македонија телекомуникации“ – унгарски „Фор-ај-џи“, за работа како трет мобилен оператор во државата.
Компанијата ја уплати целосната сума за трите радиофреквенциски опсези, вкупно 8 милиони евра, и може да почне со работа, користејќи пристап преку мрежите на постојните оператори додека ја гради својата инфраструктура.
Сопственикот на „Фор-ај-џи“ најави инвестиција од над 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор.
Новиот оператор треба да покрие еден град со 5G до крајот на март 2027 година, главните коридори до 2028, сите градови до 2030 година, а пристап до 5G за сите граѓани до 2032 година со минимална брзина од 100 Mbps.
Процесот за воведување трет мобилен оператор почна минатата година, а единствен квалификуван понудувач на тендерот за радиофреквенции беше „ОНЕ Македонија телекомуникации“.
Слични новости
Продолжи судењето за трагедијата во Кочани
Судењето се одвива под засилени безбедносни мерки, во присуство на обвинетите, роднини на жртвите и многубројни сведоци.
Порасна бројот на Mакедонци кои бараат евакуација од Блискиот исток
Најголем интерес има од граѓаните што се наоѓаат во Абу Даби, каде што 447 лица се пријавиле за враќање со чартер-летови.
СДСМ бара оставка од Панче Тошковски за трагедијата во Карпош
Од СДСМ велат дека непочитувањето на законските одредби за гонење на семејно насилство по службена должност, и недостатокот на навремена реакција доведоа до трагична смрт на мајка и дете.


