Во декември 2024 година, АД ЕСМ и КфВ развојната банка на СР Германија ги потпишаа договорите за заем наменет за изградба на два нови капацитети за производство на обновлива енергија. Последователно, сепсратните договори кои се договори за имплементација на проектите фотонапонска електроцентрала Битола 2 и втората фаза од ветерниот парк „Богданци“ беа потпиштани во вторникот од генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев и Мориц Реме, директор на канцелариите на КфВ Банка за Македонија и Косово.
На настанот присуствуваа и претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија.

„Новите електрани ќе ни овозможат зголемување на домашното производство на зелена електрична енергија и забрзување на патот кон наша целосна енергетска независност. Тие капацитети ќе ни овозможат и побрзо достигнување на европските норми за емисии на стакленички гасови, односно обезбедување на здрава животна средина, почист воздух за нашите граѓани. Во делот на економијата, меѓу другото, произведената зелена енергија преку новите капацитети, ќе им овозможи поголема конкурентност на извезените домашни производи поради прилагодување со CBAM регулативата за јаглеродна давачка, односно јаглеродно гранично прилагодување“ изјави Лазо Узунчев, генерален директор на АД ЕСМ.
Поволниот кредит од 55 милиони евра од страна на КфВ банката, наменет за фотонапонската електрана Битола 2 во износ од 47,3 милиони евра и ветерниот парк Богданци – Фаза 2 во износ од 7,7 милиони евра, се доказ за успешните политики на Владата во делот на декарбонизација на енергетскиот сектор, како и на заложбите на АД ЕСМ за зголемување на домашното производство на електрична енергија и за изградба на одржлив енергетски сектор кој поседува капацитет да се справи со предизвиците на глобалните економски текови.
Благодарение на одличните односи со КфВ банката во кои гледаме сериозен партнер за зајакнување на стабилноста на македонскиот електроенергетски систем и транзицијата кон зелена енергија, продолжуваме да го трасираме патот кон одржливо енергетско сценарио преку реализација на нови проекти од обновливи извори.
„Со потпишувањето на овие посебни договори го отвораме патот кон имплементација на нови значајни обновливи капацитети, кои во исто време значително ќе ги намалат емисиите на стаклена градина од производството на електрична енергија. Ние сме убедени дека овие инвестиции ќе ја поддржат земјата во нејзините напори за декарбонизација на нејзиниот енергетски сектор и ќе обезбедат важен дополнителен приход за ЕСМ во идните години“, изјави директорот на Канцелариите на КфВ Банката во Косово и Македонија, Мориц Реме.
Амбасадорката на Германија во Македонија, Петра Дрекслер изјави дека „Германија ја поддржува енергетската транзиција на Северна Македонија не само бидејќи таа е корисна за климата, туку бидејќи независното и одржливо снабдување со енергија му служи исто така и на економскиот развој. Живееме во вмрежен свет. Она што е од корист за граѓанките и граѓаните во Северна Македонија, тоа е исто така од корист и за нас во Германија и во цела Европа. Ќе продолжиме да ја негуваме нашата соработка со Северна Македонија и во иднина, затоа што сме убедени во тоа, дека од партнерската соработка во крајна линија профитираат сите“.
Реализацијата на двата зафати дополнително ќе го збогати портфолиото за обновливи извори на АД ЕСМ, ќе придонесе за дополнителна стабилност на енергетскиот систем и ќе влијае на намалување на зависноста од увоз на електрична енергија. Овие инвестиции, имаат и социо-економски придобивки затоа што ќе отворат нови зелени работни места. ФЕЦ „Битола 2“ и проширувањето на ветерниот парк „Богданци“ се дел од долгорочните планови на државата кон зелената енергетска транзиција.
Слични новости
Одреден притвор за седум службеници на МВР
Триесетдневен притвор за седум полициски службеници на Министерството за внатрешни работи од Штип и Кочани определи во средата вечерта Кривичниот суд во Скопје
Над половина од проверените локали не ги исполнуваат минималните технички услови, дури и оние со важечки лиценци, преку 80 отсто ќе бидат затворени
Според премиерот, се очекува инспекциските контроли да завршат за недела до две по што точно ќе се знае кои локали се безбедни. Тие што ќе продолжат да работат, рече, ќе значи дека 100 отсто ги исполнуваат минимум пропишаните услови
Цените на нафтата близу 71 долар
Цените на нафтата се приближија до нивото од 71 долар на меѓународните пазари во средата, бидејќи трговците беа охрабрени од знаците за посилна побарувачка во Соединетите држави