Не е јасно дали Трамп има законско овластување да го заобиколи Конгресот и да издаде извршна наредба за спојување на УСАИД со Стејт департментот, пренесуваат британските медиуми.

 Администрацијата на претседателот Трамп презема чекори за да ја стави американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) под контрола на Стејт департментот, што би претставувало значајна реформа на начинот на кој Вашингтон ја доделува странската помош, пишуваат британските медиуми, повикувајќи се на два упатени извори.

Извор на Ројтерс изјави дека американскиот Совет за национална безбедност неделава организираше дискусии токму на оваа недела, но посочи дека се уште не се донесени конечни одлуки.

Минатата недела, администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја суспендираше американската странска помош на 90 дена.

Тој објаснуи дека спроведува ревизија за да се осигура дека помошта од десетици милијарди долари е во согласност со доктрината на надворешната политика на Трамп „Америка на прво место“ и дека не е губење пари на даночните обврзници.

Еден извор рече дека Белата куќа ги испитува правните овластувања што Трамп би можел да ги искористи за да издаде извршна наредба со која се става крај на независноста на УСАИД и дека може таквата наредба да ја потпише уште денеска.

Не е јасно дали Трамп има законско овластување да го заобиколи Конгресот и да издаде извршна наредба за спојување на УСАИД со Стејт департментот, пренесуваат британските медиуми.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, цитирајќи ги „гласините“ дека Трамп планира да ја распушти УСАИД како независна агенција, на X објави дека таквиот потег би бил „нелегален и против нашите национални интереси“.

Фотографии од канцелариите на УСАИД покажуваат дека плочите со официјалниот жиг на агенцијата се отстранети, што е знак дека веќе се работи на спојување со Стејт департментот.

Изворот рече дека во дискусиите учествувале и претставници на новоформираното Министерство за ефикасност на владата, на чие чело е милијардерот Илон Маск и дека тие оваа недела често го посетувале седиштето на УСАИД во Вашингтон.

Во текот на 2023 година, САД одвоија 72 милијарди долари ширум светот како дел од различни програми за помош.

 

Слични новости

Заканите врз студентите во Србија се медиумски спин за разбивање на сопствениот страв

Заканите врз студентите во Србија се медиумски спин за разбивање на сопствениот страв

Бунтот на студентите стана дел од поширок контекст. И додека Вучиќ во петокот одржа контрамитинг на своите приврзаници во Јагодина, бунтот на студентите се прошири и врз средните училишта, земјоделците, адвокатите и другите професии.

Старгејт новиот проект на Трамп за вештачка интелигенција вреден 500 милијарди долари

Старгејт новиот проект на Трамп за вештачка интелигенција вреден 500 милијарди долари

Нарекувајќи го проектот „ далеку најголем“ за развој на вештачката интелигенција во човековата историја, Трамп рече дека заедничкото вложување под името Старгејт ќе изгради центри за податоци и ќе отвори повеќе од 100.0000 работни места во САД.