Не е јасно дали Трамп има законско овластување да го заобиколи Конгресот и да издаде извршна наредба за спојување на УСАИД со Стејт департментот, пренесуваат британските медиуми.

 Администрацијата на претседателот Трамп презема чекори за да ја стави американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) под контрола на Стејт департментот, што би претставувало значајна реформа на начинот на кој Вашингтон ја доделува странската помош, пишуваат британските медиуми, повикувајќи се на два упатени извори.

Извор на Ројтерс изјави дека американскиот Совет за национална безбедност неделава организираше дискусии токму на оваа недела, но посочи дека се уште не се донесени конечни одлуки.

Минатата недела, администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја суспендираше американската странска помош на 90 дена.

Тој објаснуи дека спроведува ревизија за да се осигура дека помошта од десетици милијарди долари е во согласност со доктрината на надворешната политика на Трамп „Америка на прво место“ и дека не е губење пари на даночните обврзници.

Еден извор рече дека Белата куќа ги испитува правните овластувања што Трамп би можел да ги искористи за да издаде извршна наредба со која се става крај на независноста на УСАИД и дека може таквата наредба да ја потпише уште денеска.

Не е јасно дали Трамп има законско овластување да го заобиколи Конгресот и да издаде извршна наредба за спојување на УСАИД со Стејт департментот, пренесуваат британските медиуми.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, цитирајќи ги „гласините“ дека Трамп планира да ја распушти УСАИД како независна агенција, на X објави дека таквиот потег би бил „нелегален и против нашите национални интереси“.

Фотографии од канцелариите на УСАИД покажуваат дека плочите со официјалниот жиг на агенцијата се отстранети, што е знак дека веќе се работи на спојување со Стејт департментот.

Изворот рече дека во дискусиите учествувале и претставници на новоформираното Министерство за ефикасност на владата, на чие чело е милијардерот Илон Маск и дека тие оваа недела често го посетувале седиштето на УСАИД во Вашингтон.

Во текот на 2023 година, САД одвоија 72 милијарди долари ширум светот како дел од различни програми за помош.

 

Слични новости

Зошто Трамп го сака Гренланд и што мислат за тоа Гренланѓаните

Зошто Трамп го сака Гренланд и што мислат за тоа Гренланѓаните

Америка во повеќе наврати се обиде да ги набрка Данците од Гренланд и да го преземе како дел од Америка. Трамп, исто така, се обиде да го купи Гренланд за време на неговиот прв мандат. Данска и владата на Гренланд ја отфрлија неговата понуда и му порачаа дека „Гренланд не е на продажба“.

Забраната на Тик-Ток во Албанија го отвори прашањето за владеењето на правото

Забраната на Тик-Ток во Албанија го отвори прашањето за владеењето на правото

Во ЕУ, секаква забрана за дигитални сервиси се смета за последна можност и тоа во однос на транспарнетноста и обврските кон законските регулативи, а не како одговор на изолирани инциденти врзани со онлајн контент.