Не е јасно дали Трамп има законско овластување да го заобиколи Конгресот и да издаде извршна наредба за спојување на УСАИД со Стејт департментот, пренесуваат британските медиуми.

 Администрацијата на претседателот Трамп презема чекори за да ја стави американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) под контрола на Стејт департментот, што би претставувало значајна реформа на начинот на кој Вашингтон ја доделува странската помош, пишуваат британските медиуми, повикувајќи се на два упатени извори.

Извор на Ројтерс изјави дека американскиот Совет за национална безбедност неделава организираше дискусии токму на оваа недела, но посочи дека се уште не се донесени конечни одлуки.

Минатата недела, администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја суспендираше американската странска помош на 90 дена.

Тој објаснуи дека спроведува ревизија за да се осигура дека помошта од десетици милијарди долари е во согласност со доктрината на надворешната политика на Трамп „Америка на прво место“ и дека не е губење пари на даночните обврзници.

Еден извор рече дека Белата куќа ги испитува правните овластувања што Трамп би можел да ги искористи за да издаде извршна наредба со која се става крај на независноста на УСАИД и дека може таквата наредба да ја потпише уште денеска.

Не е јасно дали Трамп има законско овластување да го заобиколи Конгресот и да издаде извршна наредба за спојување на УСАИД со Стејт департментот, пренесуваат британските медиуми.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, цитирајќи ги „гласините“ дека Трамп планира да ја распушти УСАИД како независна агенција, на X објави дека таквиот потег би бил „нелегален и против нашите национални интереси“.

Фотографии од канцелариите на УСАИД покажуваат дека плочите со официјалниот жиг на агенцијата се отстранети, што е знак дека веќе се работи на спојување со Стејт департментот.

Изворот рече дека во дискусиите учествувале и претставници на новоформираното Министерство за ефикасност на владата, на чие чело е милијардерот Илон Маск и дека тие оваа недела често го посетувале седиштето на УСАИД во Вашингтон.

Во текот на 2023 година, САД одвоија 72 милијарди долари ширум светот како дел од различни програми за помош.

 

Слични новости

Делови на Лос Анџелес претворени во пепел, расте бројот на жртвите од пожарите

Делови на Лос Анџелес претворени во пепел, расте бројот на жртвите од пожарите

Пожарникарите веќе петти ден се обидуваат да ги стават под контрола разурнувачките пожари во Лос Анџелес кои досега однесоа најмалку 11 жртви, а околу 180 000 луѓе се евакуирани. Огинот уништи цели станбени населби на Лос Анџелес, меѓу кои и домовите на некои од холивудските филмски ѕвезди.

Во недела се гласа на вториот круг од претседателските избори во Хрватска

Во недела се гласа на вториот круг од претседателските избори во Хрватска

На актуелниот хрватски претседател Зоран Милановиќ му недостигаше многу малку за да стигне до над 50 насто од освоените гласови и да победиво првиот круг. Милановиќ доби 49,09 насто од гласовите. За кандидатот на ХДЗ гласаа 19,36 насто од изборачите, а разликата од 30 проценти меѓу двајцата кандидати кои влегуваат во вториот круг е најголема во историјата на Хрватска.

Рекордно жешката 2024., првата што го надмина прагот на затоплување од 1,5 степени Целзиусови

Рекордно жешката 2024., првата што го надмина прагот на затоплување од 1,5 степени Целзиусови

Минатата година беше најтоплата досега забележана и прва што го надмина клучниот праг на глобалното затоплување од 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските температури, велат научниците