Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да воведе ограничување на патувањето во САД за граѓани од многу земји како дел од новата забрана, пренесе Ројтерс кој се повикува на интерен меморандум и извори во администрацијата.
Во меморандумот се наведени 41 земја, поделени во три групи. Првата група ги вклучува Авганистан, Иран, Сирија, Куба и Северна Кореја, за кои е предвидено целосно прекинување на издавањето визи. Во втората група се Еритреја, Хаити, Лаос, Мјанмар и Јужен Судан, кои ќе се соочат со делумна суспензија.

Третата група опфаќа 26 земји, вклучувајќи ги Белорусија, Пакистан и Туркменистан кои ќе се соочат со делумна суспензија „доколку нивните влади не преземат чекори да ги решат недостатоците во рок од 60 дена“, се наведува во меморандумот.
Извори во американската администрација велат дека листата на земји сеуште не е официјална, ниту дефинитивна и дека би можело да дојде до промени до конечното одобрение на администрацијата.
Иницијативата за забрана за влез во САД е дел од иницијативата на Трамп за заострување на имиграциската политика на САД.
Слични новости
Американската војска ги нападнаа јеменските Хути, Трамп го предупреди Иран
Американските сили во саботата започна воени удари врз позиции на јеменските бунтовници од шиитското Хутистичко движење поради нивните обновени напади врз бродови во Црвеното Море
Трамп потпиша уредба за кратење на буџетот на „Гласот на Америка“ и на шест други агенции
Некои републиканци одамна го обвинуваат „Гласот на Америка“ за пристрасност против конзервативците. Месецов Маск повика на затворање на медиумот, како и на Радио Слободна Европа.
Повеќе стотици илјади луѓе на протести во Белград
Како што јавуваат српските медиуми цел Белград е закрчен од луѓе, а во градот нема јавен превоз поради безбедносни причини од 09 часот изутрината.