Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да воведе ограничување на патувањето во САД за граѓани од многу земји како дел од новата забрана, пренесе Ројтерс кој се повикува на интерен меморандум и извори во администрацијата.
Во меморандумот се наведени 41 земја, поделени во три групи. Првата група ги вклучува Авганистан, Иран, Сирија, Куба и Северна Кореја, за кои е предвидено целосно прекинување на издавањето визи. Во втората група се Еритреја, Хаити, Лаос, Мјанмар и Јужен Судан, кои ќе се соочат со делумна суспензија.

Третата група опфаќа 26 земји, вклучувајќи ги Белорусија, Пакистан и Туркменистан кои ќе се соочат со делумна суспензија „доколку нивните влади не преземат чекори да ги решат недостатоците во рок од 60 дена“, се наведува во меморандумот.
Извори во американската администрација велат дека листата на земји сеуште не е официјална, ниту дефинитивна и дека би можело да дојде до промени до конечното одобрение на администрацијата.
Иницијативата за забрана за влез во САД е дел од иницијативата на Трамп за заострување на имиграциската политика на САД.
Слични новости
Трамп: Напорите да се запре ескалацијата на војната во Украина „донекаде под контрола“
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во саботата дека напорите за запирање на понатамошната ескалација на војната меѓу Русија и Украина се „донекаде под контрола“
Убиен политички лидер на Хамас во јужна Газа
Во израелски воздушен напад врз Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа е убиен политичкиот лидер на Хамас, Салах ал-Бардавел
Трамп им ја укина државната заштита на Камала Харис и на Хилари Клинтон
Американскиот претседател Доналд Трамп ја укина заштитата на државната безбедност на неговите противкандидатки Хилари Клинтон и Камала Харис во двете претседателски изборни кампањи што ги доби