Собранието на денешната седница го избра Адем Чучуљ за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Од вкупно 82 пратеници кои гласаа, Чучуљ доби едногласна поддршка со 82 гласа. Пратеникот Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи ги колегите да го поддржат кандидатот, истакна дека „Чучуљ навистина може да ги зајакне капацитетите и репутацијата на ДКСК“.
Чучуљ е дипломиран правник со положен правосуден испит и актуелен генерален секретар на Комисијата, каде што работи веќе 19 години. Тој доби највисоки оценки од Комисијата за селекција на кандидатите – 96,5 бодови. Според оценката, Чучуљ покажал значајно искуство во спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и јасна визија и конкретен план за работата и развојот на ДКСК.
Чучуљ доаѓа на местото на Татјана Димитровска, која поднесе оставка поради обвиненија во случајот „Адитив“ за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.
Слични новости
Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови
Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Британија со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција
Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?
Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска
СДСМ: Конгресот на децата на Орбан
Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски


