Адвокатите на Меѓународната фудбалска федерација ФИФА тврдат дека Европската фудбалска унија ЕУФА го вознемирува првиот човек на ФИФА Џани Инфантино во судски поднесок со кој го повикуваат судисјата во Флорида да го одбие барањето на УЕФА за собирање докази во врска со пропаднатиот план за продажба на комерцијалните права на Светското првенство.

УЕФА побара одобрение за собирање докази пред три суда, вклучувајќи го и судот во Менхетен во постапката против инвестициската компанија на Џерад Кушнер со седиште во Њујорк, како и до судот во Мајами каде што ФИФА има свое седиште, за да се помогне во кривичната пријава против Инфантино во Швајцарија.

Адвокатите на ФИФА тврдат и дека истрагата на УЕФА влијае врз изборот на следниот претседател на ФИФА на изборите закажани во март идната година, а Инфантино најави кандидатура за својот четврти и последен мандат до 2031 година.  

Слични новости

Англија-Чешка 3:0, Кејн го израмни рекордот на Шилтон

Англија-Чешка 3:0, Кејн го израмни рекордот на Шилтон

Репрезентацијата на Англија ја оствари третата последователна победа во А дивизијата од Лигата на нациите во групата 3, откако на Вембли ја победи Чешка со 3:0. Центарфорот Хари Кејн постигна два гола на својот 125 -ти настап за селекцијата на Англија со што го израмни рекордот на Питер Шилтон.