Фудбалерите на Јувентус синоќа во Рим загубија од Лацио со 1:0 во осмото коло од Серија А што е трет последователен пораз во низа на клубот од Торино, кој во вторникот загуби и во Лигата на Шампионите од Реал Мадрид.
Тренерот на Јувентус Хрватот Игор Тудор се наоѓа под силен притисок затоа што Јувентус не забележал победа месец и пол.
Јувентус синоќа се обиде да победи против Лацио кој годинава е слаб и играше со двајца напаѓачи, но домаќините постигнаа гол на самиот почеток на натпреварот и ја задржаа предноста до самиот крај, а Јувентус не успеа да постигне гол.
По ова коло Јувентус е осми во Серија А со 12 бодови.
Слични новости
Нов кикс на Реал во Ла Лига
Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0
Двата гола на Хојлунд го донесоа Наполи на врвот на табелата
Фудбалерите на Наполи се искачија на врвот на табелата во италијанското првенство со победата од 2:1 на домашен терен во последниот неделен натпревар од 14-то коло против Јувентус
Важни бодови за Кристал Палас во борбата за пласман во Лигата на шампионите
Фудбалерите на Кристал Палас скокнаа на четвртото место на табелата во англиското првенство со победата од 2:1 на гости против Фулам во вториот неделн натпревар од 15-то коло


