Агенцијата за кредитен рејтонг Мудис предупреди во својот најнов извештај на влошени финансиски изгледи на САД. „Потенцијалното негативно влијание на кредитниот рејтинг поради високите царини и заначајните ризици врз економијата ги влошија изгледите САД да продолжи да го надоместува значајниот буџетски дефицит“ наведува Мудис.

Агенцијата додава дека фискалната одржливост на САД е во повеќегодишна симнувачка патека.
Според аналитичарите, политиката на администрацијата на Трамп која подразбира високи царини и планови за намалување на даноците би можела да им направи повеќе штета отколку корист на американските државни приходи.
Предвидено е односот на американскиот јавен долг и БДП-то да пораснат од 100 насто во 2025, на 130 насто во 2030. На отплата на каматите на овој долг во 2021 се одлеваа 9,1 насто, а во 2035 овој процент ќе се искачи на високи 35 насто.
Слични новости
Остар пад на европските и азиските берзи на почетокот од седмицата
Цените на акциите остро паднаа на европските берзи во понеделник во претпладневното тргување, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека реципрочните царини што ќе ги воведе следните денови ќе ги опфатат сите земји
Рекор на златото, доларот слабее, нафтата поевтини
Поради неизвесноста на финансиските пазари, цената на златото порасна за повеќе од 18 отсто од почетокот на годината и е на пат за најголемиот квартален скок од 1986 година
Каматните стапки го зголемуваат американскиот буџетски дефицит и долгот
Буџетскиот дефицит и јавниот долг на Соединетите држави ќе бидат значително над долгорочниот просек оваа година и ќе продолжат да растат до средината на векот