Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство изрекоа 22 казни во износ од околу 40 000 евра, по спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети. Како што се наведува во соопштението на АХВ, во акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, се контролирани 188 оператори со храна од оваа категорија.
„Кај 10 оператори се утврдени полесни повреди од областа на безбедноста на храната, какоо неселектираност на разладните уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично, за што се изречени мерки опомена, а во 2 маркета е констатирано дека вработените лица немаат санитарни книшки“ соопштени Агенцијата.
Оттаму додаваат дека кај 6 од контролираните меркети е утврдено дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на добра призводствена и добра хигиенска пракса, а кај 14 маркети затекната била храна со изминат рок на траење.
Како небезбедени се одземени и нештетно уништени над 253 килограми храна – месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи.
Слични новости
Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ
Според податоците од Статистичкиот годишник за 2025 година на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век за периодот 2022-2024 во Македонија е 76,63 години
Обвинение против екс правобранителот Фехми Стафа
Јвен обвинител поднесе обвинителен акт против Стафа за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание,.
Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам
Верниците од исламска вероисповед во земјава и ширум светот денеска го прославуваат Рамазан Бајрам, еден од петте клучни столбови на исламот.


