Сириските бунтовници го зазедоа градот Хомс во саботата и напредуваат на југ кон главниот град Дамаск, при што американски официјален претставник изјави за CBS News дека „предградие по предградие“ на главниот град паѓа во рацете на бунтовниците, јавуваат агенциите.

BBC јавува дека на видео материјал се гледа како демонстрантите во јужните предградија на Дамаск, кои пред неколку години беа главните упоришта на водечката сунитска терористичка групација Исламската држава, уриваат споменици. Но, сириската влада негира дека милитантите ја зазеле делови во областа на метрополата и тврди дека претседателот Башар ал-Асад не го напуштил градот.

Лидерот на исламистичките бунтовници Хасан Абдул Гани изјави дека неговите борци напредуваат кон Дамаск и има се закани на сириската армија и министерот за одбрана.

„Се упатуваме кон Дамаск“, вели тој во видеото објавено на X. „Ги повикуваме војниците на режимот и министерот за одбрана на бунт“, рече Абдул Гани, додавајќи: „доаѓаме по вас“.

Како што милитантните фракции напредуваат сè поблиску, конфузија и страв владее во Дамаск, бидејќи жителите не разбираат што навистина се случува, пишува BBC

Симболите на моќта на династијата Асад се урнати во неколку предградија пренесува британскиот радиодифузер, но Министерството за внатрешни работи тврди дека создава челичен прстен околу главниот град.

Во објавата за јавноста сириското Министерство за внатрешни работи предупредува и дека исламистичките групации предводени од џихадистичката групција Хајат Тахрир ал-Шам, поранешната сириска Ал Каеда – Џебхат ан Нусра која го промени името за да биде тргната од листата територистички организации во прв ред на западните земји, преку социјални платформи шири дезинформации за да предизвика паника кај населението, како и дека е можно да ги активира своите „спијачи“ во областите кои се под контрола на владините сили.

„Има жесток безбедносен и воен кордон во внатрешноста на Дамаск и околината и никој не може да навлезе преку одбранбената линија што ја градиме ние, воените сили“, изјави министерот Мохамед ал Рахмун на државната телевизија во Дамаск.

Постојат гласини за претседателот ал-Асад и шпекулации за тоа дали тој го напуштил Дамаск со авион. Неговиот кабинет ги негираше извештаите, велејќи дека тој сѐ уште е во Дамаск, иако не може да се види поради зголемените безбедносни мерки.

Во меѓувреме, Reuters пренесува дека командантот на бунтовничките милитанти Гани објавил дека бунтовничките сили влегуваат во важниот стратешки град Хомс, северно од Дамаск.

Претходно, сириски офицер наводно изјавил за Reuters дека десетици борци од елитните единици Радван на Хезболах се повлекле од Хомс откако наводно се договориле со сириската армија дека градот е неодбранлив.

globe

Слични новости

Кошта: За сите нас проширувањето на ЕУ е приоритет и сме посветени на тоа

Кошта: За сите нас проширувањето на ЕУ е приоритет и сме посветени на тоа

Бидејќи припаѓаме на исто европско семејство, делиме континент и што е најважно, заеднички вредности и заедничка историја. Второ, затоа што проширувањето е приоритет за сите нас. Ние веќе сме посветени на проширувањето и сите веруваме дека проширувањето е најважната геополитичка инвестиција во мирот, безбедноста и просперитетот, истакна Кошта.