Амбасадорката на САД во Скопје, Анџела Агелер на прес-конференција во понеделникот информираше дека поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети се ставени на американската црна листа поради политичко мешање и обиди за оцрнување на судството во државата. Таа подвлече дека на нив и на нивните најблиски им е забранет влезот во САД, а во Вашингтон во меѓувреме се разгледуваат и дополнителни санкции.

„Стејт департментот на СAД вчера презедоа значаен чекор во борбата против корупцијата, со ставање на поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети на американската црна листа, поради политичко мешање во судството. Затоа, на нив и на нивните најблиски членови на семејството им е забранет влезот во САД. Во Вашингтон во меѓувреме се разгледуваат и дополнителни санкции, рече Агелер.

На прес-конференција во амбасадата на САД во Скопје, Агелер потенцираше дека доказите за нивните влијанија се достапни и очекува македонските институции да преземат мерки.

„Не мора да ние да даваме докази или информации на тукашните институции. Доказите се достапни. Ако ние можеме да ги најдеме, можат и македонските институции“, рече Агелер.

Како што рече, се надева оти со ова ќе покажат дека САД ги користи сите можни алатки за повикување на одговорност кон овие лица, чии криминални активности ја нарушуваат безбедноста, стабилноста и доброто владеење во Македонија.

„Согласно законот во САД, мора да ги ставиме на црната листа лица за кои постојат докази дека се вклучени во корупција, без оглед на нивните минати или сегашни функции. Велиме дека правдата е слепа, но таа мора да биде непристрасна и објективна за сите, без разлика на политичка партија, пол или етничката припадност“, додаде Агелер.

Таа смета дека корупцијата во ниедна форма не треба да се толерира во оваа држава.

„Оние кои го поткопуваат владеењето на правото заради лична добивка, а на сметка на народот во Северна Македонија, треба да разберат дека корупцијата има последици. САД ќе продолжи да повикува на одговорност за сите инволвирани во корупција, и се надевам дека судството и оние кои го спроведуваат законот во оваа држава ќе го направат истото. Граѓаните на оваа тоа го заслужуваат, додаде Агелер.

Прашана за стабилноста на земјава и дали разговарала со владини претставници за можна дестабилизација, Агелер рече дека секојдневно зборува со претставници на Владата, бидејќи тоа и е работа, но дека не се сеќава на разговор за тоа конкретно.

„Затоа и имам фотографии со поранешни функционери, бидејќи тоа ми е работа. Но, конкретно за стабилноста на земјата, не се сеќавам на разговор за тоа конкретно, но разговарав со премиерот синоќа, веднаш по објавувањето на новите имиња на црната листа, бидејќи му ги пренесов објавите и разговарав повторно со него денеска. Навистина се надевам дека ниту една политичка партија или личност би работела на дестабилизација на својата земја. Не гледам дека тоа може да биде во нечиј интерес, а особено не во интерес на граѓаните на оваа земја – изјави Агелер.

Улогата на лидерот, нагласи Агелер, „без разлика дали во владејачката коалиција или во опозицијата, треба да биде во насока на обезбедување на стабилна, безбедна и просперитетна Северна Македонија“.

Тоа што граѓаните сакаат, подвлече Агелер, е да видат акција против корумпираните актери во земјава.

Вчерашната објава беше дел од поголема иницијатива во рамки на меѓународниот ден Меѓународниот ден за борба против корупцијата – 9 Декември. Не сме го планирале или пак сме имале контрола, на тоа што Вашингтон прави во насока на процесирање на различни случаи. Додека, лично, силно ги поздравувам владините изјави за реформи во правосудството, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конферецијата за вчерашното проширување на „црната листа“ на Стејт департментот на САД со имињата на Артан Груби и Енвер Беџети.

Прашана дали проширувањето на „црната листа“, со оглед дека доаѓа во исто време со владините изјави за реформи во правосудството, е некој вид на поддршка, Агелер рече „апсолутно не, бидејќи сите нови именувања се водат од Вашингтон“. 

„ Не сме го планирале на каков и да е начин или, пак, сме имале контрола, на тоа што Вашингтон прави во насока на процесирање на различни случаи. Додека, лично, силно ги поздравувам владините изјави за реформи во правосудството. Ова нема никаква врска со тоа. Многу од останатите наши акции се во насока на поддршка на потребните реформи, секој ден од годината и ќе продолжиме да го правиме тоа“, изјави Агелер. 

Проширувањето на „црната листа“ на американскиот Стејт департмент што беше објавено вчера, според Агелер, содржи и имиња од други земји. 

„Овој тајминг мислам дека беше многу корисен што се случи вчера, на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, но, тоа не беше поттикнато од никакви политички разгледувања во оваа земја. Ќе забележите, има и имиња од други земји кои исто така се вклучени, така што нивниот тајминг и нивните политички околности, исто така, не се поврзани, нагласи Агелер.

globe

Слични новости

Мицкоски: Работиме на решение кое ќе гарантира дека ќе го изодиме патот докрај, но преговори за идентитетски прашања не доаѓаат предвид

Мицкоски: Работиме на решение кое ќе гарантира дека ќе го изодиме патот докрај, но преговори за идентитетски прашања не доаѓаат предвид

Премеирот Христијан Мицкоски во интервју за МРТ од ЕУ самитот посветен на земјите од Западен Балкан во однос на проблемот со Бугарија истакна дека неговата дискусија во Брисел се водела од тоа дека потребно е решение кое ќе гарантира да земјата да го изоди патот докрај

Тошковски ги демантира обвинувањата на СДСМ: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран

Тошковски ги демантира обвинувањата на СДСМ: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран

Министерот за внатрешни работи поседува видео запис на којшто јасно се гледа повреда на закон и повреда на стандардни оперативни процедури од страна на полицискиот службеник којшто бил во тој момент во рамки на граничната полиција, наведува министерот во видеото објавено на неговата фејсбук страница