Американскиот режисер Александер Пејн ќе претседава со главното натпреварувачко жири на овогодинешниот Венециски филмски фестивал, објавија организаторите во понеделник.

Филмовите на Пејн, вклучувајќи ги комедиите „The Holdovers“, „Sideways“ и „The Descendants“, се номинирани за вкупно 24 Оскари, вклучувајќи четири за најдобар ф

Тој двапати ја освои наградата за најдобро адаптирано сценарио.

„Голема чест и радост ми е да бидам член на жирито во Венеција. Иако ја споделувам амбивалентноста на филмските работници во врска со споредбата на филмовите, ја почитувам речиси вековната историја на Венецискиот филмски фестивал, фестивал кој гласно го слави филмот како уметничка форма“, изјави Пејн за новинарите.

Годинештното 82. издание Венециски филмски фестивал ќе се одржи на островот Лидо од 27. август до 6. септември. Имињата на филмовите во конкуренција ќе бидат објавени во јули.

Комедијата на Пејн од 2017 година „Downsizing”го отвори фестивалот истата година.

globe

Слични новости

Судењето за убиството на Ѓорчевска и Жежовски продолжува на 16. мај, за првообвинетиот Палевски мотивот е нелогичен и недокажан

Судењето за убиството на Ѓорчевска и Жежовски продолжува на 16. мај, за првообвинетиот Палевски мотивот е нелогичен и недокажан

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска заврши сведочењето на обвинетиот Љупчо Палевски во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој смета дека мотивот за убиство е нелогичен и недокажан

Сиљановска Давкова: Ако сакаме промени, Уставниот суд мора да се одважи и независно да се однесува кон останатите власти

Сиљановска Давкова: Ако сакаме промени, Уставниот суд мора да се одважи и независно да се однесува кон останатите власти

Во последните 34 години ние пропуштивме Уставниот суд да израсне во четврта власт, во коректор на односите меѓу трите власти и заштитник на слободите и правата на граѓаните. Ако сакаме промени, оваа институција мора да се одважи и посегне по својата надлежност, навистина да ја гради уставната демократија и независно да се однесува кон останатите власти, вели Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова

Ограничена маржа за скоро сите производи ако трговците пак ги зголемат цените, најавува Дурмиши

Ограничена маржа за скоро сите производи ако трговците пак ги зголемат цените, најавува Дурмиши

Ако трговците не се однесуваат како што треба или ги зголемуваат пак цените, ќе има поригорозни мерки од она што го имаме сега. Ако сега се опфатени 102 групи на основни прехранбени и непрехранбени производи тоа значи деа ќе опфатиме уште повеќе групи

Ова е навистина клучен момент не само за Уставниот суд туку и за вашите колеги насекаде во судството, и најважно, за граѓаните на оваа држава, ве молам, искористете го овој момент, запамете за кого работите и зошто сте поставени тука. Законите во оваа држава колку и да се комплицирани мора и може да работат во полза на граѓаните. Како партнери и пријатели САД ја поддржуваат работата на судството со цел да се обезбеди правдата да остане пристапна, непристрасна и вкоренета во уставните вредности.

Ова го истакна Анџела П. Агелер, амбасадорка на САД, во воведното излагање на тркалезната маса „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд?“ што се одржа во Уставниот суд која има за за цел да отвори дебата за потребата од донесување на посебен закон што би го регулирал работењето на Уставниот суд, преку дијалог меѓу претставници на институциите, правната струка и граѓанскиот сектор.

Таа ја поздрави денешната дебата во Уставниот суд, која рече со внесување на јавноста, ја зголемува транспарентноста, а тоа е и почеток да се воспостави повторно довербата во судството и неговите одлуки.

„Транспарентноста не само што гради доверба, туку истовремено може да помогне да се зајакне врховната потреба за и основната улога на независноста во судството. Уставот се основа за демократските институции во оваа држава и гарант на правата и слободи на нејзините граѓани. Улогата на независен Уставен суд е да го поддржи ова со свои одлуки и таа е исклучително важна за една здрава демократија. Не верувам дека преувеличувам кога ќе кажам дека ова е навистина клучен момент не само за Уставниот суд, туку и за вашите колеги насекаде во судството и најважно за граѓаните на оваа држава….

… Ве молам, искористете го овој момент, ве молам запамете за кого работите и зошто сте поставени тука и ве молам, за тие кои сте судии, запаметете и потсетете се на заклетвата што ја дадовте, а за сите судуии и обвинители насекаде во судството поскаувам да ја гледате оваа постапка. Законите во оваа држава колку и да се комплицирани мора и може да работат во полза на граѓаните. Како партнери и пријатели САД ја поддржуваат работата на судството со цел да се обезбеди правдата да остане пристапна, непристарсна и вкоренета во уставните вредности, порача амбасадорката Агелер која воедно ги поздрави напорите на сите институции и индивидуалци кои продолжуваат да бараат отчетност од одговорните за страшната трагедија во Кочани.

На тркалезната маса се обратија и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, и претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, евроамбасадорот Михалис Рокас и германската амбасадорка Петра Дрекслер.

Предвидена е презентација на наодите од анализата за потребата од донесување на Закон за Уставниот суд, изработена во рамки на ЕУ-финансиран проект, со говорниците Карстен Манке, тим лидер, и вишите правни експерти Мартин Сопронов и Маргарита Цаца Николовска.

Ставовите на судиите од Уставниот суд ќе ги образложат судиите Ана Павловска-Данева и Татјана Васиќ-Бозаџиева, додека, мислења од претставници на правната струка ќе споделат професорите Тања Каракамишева-Јовановска, Јетон Шасивари, Денис Прешова и Рената Дескоска.

Од граѓанскиот сектор ставовите ќе ги изнесат Дарко Аврамовски од Коалиција „Сите за правично судење“ и Бојан Трпевски од Асоцијација на млади правници на Македонија.